Економија, финансии, бизнис

Контакт

OВА Е НОВАТА СРЕБРЕНИЦА: Луѓето чекаат ред за умирање

OВА Е НОВАТА СРЕБРЕНИЦА: Луѓето чекаат ред за умирање

Жителите на областа Источна Гута  во Сирија велат дека го чекаат нивниот „ред за умирање“ по најжестокото бомбардирање од провладините сили врз опколената енклава во близина на Дамаск, која е под контрола на бунтовниците. 

Најмалку 38 луѓе загинаа денеска, а повеќе од 310 се убиени во областа од неделата, додека 1550 луѓе се повредени, информира Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Источна Гута е густо населена земјоделска област во близина на Дамаск, каде што живеат околу 400.000 луѓе. Тоа е последната област во околината на Дамаск која е под бунтивничка контрола. 

Од ОН го осудија бомбардирањето на болници и друга цивилна инфраструктура, и рекоа дека ваквите напади може да се сметаат за воени злосторства.

Меѓународната организација на Црвениот крст денеска побара хуманитарен пристап до Гута.

Како и енклавата на босанските муслимани во 1995 година, Источна Гута се наоѓа на периферијата на Дамаск, а опколена е од војската на режимот уште од почетокот на војната во Сирија, пишува весникот „Гардијан“. Сличен случај како со Сребреница, дотур на храна, медицинска помош и лекови нема. Сребреница во 1993 година ОН ја прогласи за „сигурна зона“. Минатата година, Русија ја прогласија источна Гута за зона на „де-ескалација на конфликтот“.

Слично

Поврзани вести