ОВА Е НАПАЃАЧОТ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АРГЕНТИНА - има 35 години и нацистичка тетоважа
Безбедносните власти во Аргентина го потврдија идентитетот на човекот кој се обиде да ја убие аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер. Станува збор за 35-годишниот Бразилец Фернандо Андрес Сабаго Монтиел.
Аргентинските медиуми пишуваат дека Монтиел е роден во Сао Паоло и дека е син на Чилеанец и Аргентинец. Тој живее во аргентинското село Вила дел Парке повеќе од 20 години. Порано работел како таксист, моментално е невработен и веќе и е познат на полицијата.
Има нацистичка тетоважа
Монтиел беше обвинет минатата година кога полицијата го запре во автомобил без регистарски таблички во март. Тогаш кај него била пронајдена мачета долга 35 сантиметри.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, се гледа дека 35-годишникот има црна тетоважа на сонце на лактот.
Станува збор за нордиски симбол кој го презеле нацистите и окултното друштво Туле, кое го основале богати аристократи и кое ја бранело надмоќта на ариевската раса. Од 1918 до 1922 година групата извршила 300 политички злосторства, покажуваат податоците.
Este es el hombre que intento atentar contra la Vicepresidenta de Argentina, el agresor se llama Fernando Andrés Sabag Montiel es de origen brasileño, nacionalizado argentino, tiene domicilio en el barrio porteño de Villa del Parque pic.twitter.com/y5Av1RztIX
— Heder Saldaña™ (@hederzona3) September 2, 2022
Напаѓачот сега се наоѓа во затворот на аргентинската федерална полиција во Вила Лугано, а неговиот случај го презеде сојузниот судија Марија Еугени Капучети.
Кирхнер, актуелниот потпретседател и поранешен претседател на Аргентина, вчера дошла со официјална придружба пред нејзината куќа во Буенос Аирес кога Монтиел се обидел да пука во неа од непосредна близина. Но, пиштолот не пукнал.
Минатата недела стотици активисти се собраа пред семејството Кирхнер, кое беше обвинето за корупција и измама при доделувањето јавни договори во Санта Круз за време на нејзините два претседателски мандати од 2007 до 2015 година.
Фото: Твитер
