Економија, финансии, бизнис

Контакт

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ:  На секој жител има по 3 туристи

Tитулата на најпренатрупана земја во светот – според бројот туристи во однос на населението – ја носи една на изглед неочекувана европска држава. Станува збор за Австрија, која со околу девет милиони жители годишно ја посетуваат дури 32 милиони меѓународни туристи, пренесува Mirror.

Според истражувањето на платформата MoneyTransfers.com, Австрија има најголем број туристи по жител. На секој еден Австриец му доаѓаат околу 3,6 туристи – сооднос што оваа континентална земја ја поставува на самиот врв на светската листа.

Очекувано, најголемиот дел од туристичкиот притисок е сконцентриран во главниот град Виена. Позната и како „градот на соништата“, Виена привлекува посетители со својата раскошна барокна архитектура, историски знаменитости и богат ноќен живот, потпомогнат од бројни ресторани, кафулиња и барови. Меѓу најпосетуваните атракции се дворецот Schönbrunn, Виенската државна опера и Природонаучниот музеј.

Но, додека Виена одамна е навикната на масовен туризам, сѐ поголем проблем претставува зголемениот интерес за помалите места, кои честопати немаат соодветна инфраструктура за толкав прилив на гости.

foto Wikipedia/ Falk2

Слично

Поврзани вести