Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е најфреквентниот аеродром на светот

Ова е најфреквентниот аеродром на светот

На најфреквентниот аеродром во светот лани поминале 83.6 милиони патници. 

Тој се наоѓа во Дубаи. Но, сепак не ја постигнале посакуваната фреквенција од 85 милиони патници како што очекувала управата. 

Пол Грифитс, генерален директор на аеродромот во Дубаи изјави дека оваа година очекуваат 89 милиони патници. 

Со тоа тој ќе се приближи на аеродромите во Атланта и Пекинг кои вкупно имаат највеќе патници, а не само во категорија на меѓународни аеродроми како Дубаи. 

Дубаи стана најфреквентен аеродром за меѓународен сообраќај од 2014 година кога го надмина Хитроу во Лондон. 

Аеродромот во Дубаи е база на компанијата Емирати која работи со интерконтинентални и долги летови. 

Слично

Поврзани вести