Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е КРИМИНАЛНА ЕНЕРГИЈА, МОРА ДА СЕ ВИДИ КОЈ СТОИ ЗАД ТОА - вистинскиот Кличко бара истрага за измамените европски градоначалници

ОВА Е КРИМИНАЛНА ЕНЕРГИЈА, МОРА ДА СЕ ВИДИ КОЈ СТОИ ЗАД ТОА -  вистинскиот Кличко бара истрага за измамените европски градоначалници

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, бара истрага по серијата телефонски повици од човек што се претставувал со негово име и излажал повеќе европски градоначалници. 

Ова е криминална енергија. Итно мора да се истражи кој стои зад тоа, рече Кличко во видеото споделено од „Билд“.

– Неколку градоначалници во Европа ги контактирал лажен Кличко кој зборувал апсурдни работи – рече Кличко, додавајќи дека разговорите се организираат исклучиво преку официјалните канали во Киев.

Германската служба за државна безбедност веќе почна истрага за лицето кое лажно претставувајќи се како градоначалникот на Киев, разговарало со градоначалничката на Берлин, Франциска Гифи.

Фото: EPA/GIAN EHRENZELLER

Слично

Поврзани вести