Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва е град каде никој повеќе не е безбеден поради коронавирусот

Oва е град каде никој повеќе не е безбеден поради коронавирусот

Градот Осака во Јапонија е пред колапс поради последниот бран на коронавирусот. 
Болниците во вториот по големина град во државата се соочуваат со притисокот од големиот бран на нови заразени. Немаат доволно кревети и вентилатори, а лекарите предупредуваат на „колапс на системот". Tие се залагаат да не се одржат Олимписките игри летово. 
„Едноставно кажано, ова е колапс на здравствениот систем“, рече Јуџи Тохда, директор на универзитетската болница Киндаи во Осака, пренесе Ројтерс.

Јапонија избегна голем број инфекции како што имаа другите земји, но четвртиот пандемски бран ја погоди Осака каде од неделата до четврток има 3.849 нови случаи. Тоа е скок од повеќе од пет пати во однос на периодот пред три месеци. До четврток, 96 проценти од болничките кревети наменети за сериозно болни биле зафатени. Во Јапонија има над 12.000 починати од коронавирусот. 

foto EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Слично

Поврзани вести