Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е ГЕРМАНСКИОТ МИЛИОНЕР КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО КАРИПСКО МОРЕ: Се збогати од теретани, а призна „морална одговорност“ за смртта на 21 лице

ОВА Е ГЕРМАНСКИОТ МИЛИОНЕР КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО КАРИПСКО МОРЕ: Се збогати од теретани, а призна „морална одговорност“ за смртта на 21 лице

Германскиот бизнисмен и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата на Германија. Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот.

Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со спортски сали McFit. Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со сопругата, нивните две деца и уште еден маж. Според официјалниот извештај, меѓу патниците во авионот има 44-годишна жена, 40-годишен маж и двајца малолетници, германски државјани, како и 66-годишен швајцарски пилот.

Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен и малолетник, кои се уште не се идентификувани. Пронајдени се и некои предмети, меѓу нив патни торби, како и дел од трупот на авионот. Тие биле пренесени во Лимон, во истоимената провинција.

Неговото име беше споменато во врска со несреќата на фестивалот

Од тоа пристаниште, на околу 160 километри од главниот град Сан Хозе, во неделата наутро испловиле два брода на крајбрежната стража за да ја продолжат потрагата. Авионот на приватен лет полетал од Мексико изгубил контакт со контролната кула во Костарика во петокот околу 18 часот во близина на Лимон, каде што требало да слета.

Синџирот на евтини спортски сали McFit основан од Шалер е најголем во Европа (165 спортски сали во Германија и повеќе од 250 во остатокот од Европа).

Името на Рајнер Шалер беше споменато во веста за несреќата на фестивалот за електронска музика Love Parade во 2010 година, во кој 21 лице загина, а 500 беа повредени во стампедо во бетонскиот патнички тунел каде што се одржуваше настанот. Рајнер Шалер презеде „морална одговорност“ за несреќата.

ИЗВОР: Index.hr

ФОТО: YouTube

Слично

Поврзани вести