Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е ЕДИНСТВЕНОТО МЕНИ ОСТАНАТО ОД „ТИТАНИК“: Продадено е за висока цена

ОВА Е ЕДИНСТВЕНОТО МЕНИ ОСТАНАТО ОД „ТИТАНИК“: Продадено е за висока цена

Мени од „Титаник“ е продадено за 75.000 евра. Се смета дека тоа е единственото останато мени од 11 април 1912 година, а на листата има остриги, јагнешко и патка.

Менито е оштетено, но анонимен понудувач платил на аукциската куќа 75.000 евра за артефактот. Ќебе од прва класа, за кое се верува дека го носел преживеан на чамец за спасување е проценето на 70.000 до 100.000 фунти и е продадено за 76.000 фунти.

После повеќе од 111 години по потонувањето на Титаник, сувенири од луксузниот брод се продадени на аукција.

При првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

Слично

Поврзани вести