Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е државата во која сите граѓани станаа милионери

Ова е државата во која сите граѓани станаа милионери
Секој граѓанин на Норвешка во средата стана милионер во норвешки круни , но овие пари нема да може да се искористат, и се еквиваленти на  161.100 долари или 118 800 евра. Станува збор за симболичен праг на акумулираните средства во најголемиот во светот фонд за државни инвестиции , пополни со приходи од трговијата со нафта и природен гас . На 8 јануари во него имало 5,11 трилиони круни (828.66 милијарди долари ) , или повеќе од еден милион пати повеќе од населението , што според официјалните податоци е 5 096 300 лица . Основан во 1990 година , овој фонд контролира околу 1 % од светските акции, како и државни обврзници и имот од Лондон до Бостон . Ова ја става скандинавската држава во исклучителна позиција спрема останатиот свет кој се бори со долгови. Намената на средствата е да се чуваат, инвестираат и множат за полоши времиња , кога ќе пресушат залихите од полињата од нафта и гас во Северното Море , откриени во 1969 година. Земјата стана седмиот по големина извозник на нафта во светот. Во 2013 година Фондот се порамни на 183 % од БДП на Норвешка , а прогнозите се дека околу 2030 година тој ќе се зголеми до 220 % од БДП . Со закон, Владата може да користи внатре во земјата не повеќе од 4 % годишно од овој фонд. Тоа е малку повеќе од годишниот принос од сите инвестиции направени од фондот. Сепак, економистите посочуваат и негативни последици од акумулацијата на таква планина од пари . Таа е една од причините за отпор против реформите или намалувањето на субвенциите , овозможување на земјоделците, на пример, да држат молзна крава во загреани фарми во длабоките северни подрачја. Можно е и заради Фондот некои Норвежани да не сакаат да работат - вели еден економист , пренесува " Ројтерс ". Тој посочува дека секој петти работоспособен не оди на работа , а добива некаква форма на социјална помош. Официјалната невработеност сепак е 3.3 %
Слично

Поврзани вести