Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е ЦИКЛОНСКА БОМБА: Хаос во САД - градови парализирани, има и по 70 сантиметри снег

ОВА Е ЦИКЛОНСКА БОМБА: Хаос во САД - градови парализирани, има и по 70 сантиметри снег

Снежната бура која веќе два дена беснее во североисточниот дел на САД денеска донесе обилен снег и силен ветер со налети до 120 километри на час.

Во Бостон во саботата на крајот на денот имаше речиси 60 сантиметри снег, како рекордната 2003 година, целиот регион е речиси парализиран, сообраќајот е во хаос, прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а температурите поларни.

Снежната бура е „циклонска бомба“, бура која се карактеризира со експлозивна моќ на брзиот пад на атмосферскиот притисок, потврди Националната метеоролошка служба (NWS).

NWS забележа налети на ветер од 80 до 120 километри на час и прогнозираше поларни температури и прекини на електричната енергија во текот на ноќта.

Десетици илјади без струја

Повеќе од 95.000 домаќинства останаа без струја, објавија властите во саботата вечерта.

Неколку градови објавија апсолутни рекорди на повеќе од 70 сантиметри снег. Надлежните повторно ги повикаа граѓаните во сабота навечер да избегнуваат движење барем до недела наутро поради намалената видливост.

Во Њујорк плуговите полека ги расчистуваат улиците, во Централ парк паднаа 20 сантиметри снег и многу железнички линии не сообраќаат. Метрото работи речиси нормално и служи како засолниште за илјадници бездомници.

Северно од градот, на Лонг Ајленд, во срцето на бурата паднаа 60 инчи снег. Една жена била пронајдена мртва во нејзиниот автомобил.

Повеќе од 3.500 летови беа одложени во регионот во саботата, а повеќе од 1.200 беа одложени за недела.

Бран студ го зафати брегот. Во тропската Флорида издадени се предупредувања за мраз. Температурите се блиску до нула. Толку е студено што игуаните паѓаат од дрвјата зашеметени од студот или умираат.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести