ОВА Е ЧОВЕКОТ ШТО 26 ПАТИ ГО ПРОБОДЕ 6-ГОДИШНОТО ПАЛИСТИНЧЕ ВО ЧИКАГО: Поради војната во Израел го убил со војнички нож долг 31 сантиметар
Американецот Џозеф Чуба (71) од Плејнфилд на периферијата на
Чикаго е обвинет за убиство на шестгодишно момче и обид за убиство на неговата мајка, како и за
злосторства од омраза затоа што со нож ги избодел детето и неговата мајка само
затоа што се муслимани.
Би-би-си наведува дека Чуба ја ранил 32-годишната мајка на детето, за среќа таа го преживеа нападот.
– Тие беа негова цел поради актуелниот конфликт меѓу Хамас и Израел – соопшти канцеларијата на шерифот на округот Вил, која направи фотографија од убиецот откако е уапсен.
Канцеларијата соопшти дека примиле итен повик во саботата наутро од жена која рече дека била нападната од сопственикот на станот во кој живеела со синчето за што плаќала ќирија.
Кога пристигнале полицајците, пронашле жена и момче со „повеќе убодни рани во градниот кош, торзото и горните екстремитети“.
Двете жртви биле пренесени во болница, а момчето подоцна починало бидејќи било прободено вкупно 26 пати.
Чуба во нападот употребил војнички нож долг 31 сантиметар.
Канцеларијата на Советот за американско-исламски односи во Чикаго (CAIR), организација за човекови права, соопшти дека момчето се викало Вадеа ал Фајоме, а неговата мајка Ханан Шахин.
Вадеа е роден во САД, а неговата мајка е Палестинка од Западниот Брег која емигрирала во Америка пред 12 години.
ФОТО: WILL COUNTY SHERIFF'S OFFICE/AP