Ова е човекот што дели пари низ Сан Франциско
Американските медиуми го открија името на богаташот што низ Сан Франциско делеше коверти со пари по улиците. Станува збор за трговецот со недвижности Џејсон Бази.
Во ковертите што им ги делел на непознати луѓе се наоѓале банкноти по 20 и 100 долари, а упатствата како да дојдете до ваков коверт ги оставал на посебен твитер профил @HiddenCash („Скриени пари“).
Иако првично ја демантирал својата вмешаност, Бази во изјава за американските медиуми потоа потврдил дека токму тој ја осмислил целата акција.
Тоа што неговиот идентитет е откриен, нема да го спречи, како што вели да ја продолжи својата кампања на која се придружија други донатори. Ковертите со пари и натаму ќе бидат оставани на улиците на Сан Франциско.
Бази вели дека сакал да остане анонимен, бидејќи порано добил публицитет и од тоа не произлегло ништо добро, алудирајќи на тоа што одредени медиуми во 2012 година ја критикуваа неговата деловна тактика. Тој вели дека е свесен оти неговата акција добила и многу критики затоа што би можела да биде навредлива за оние кои се погодени од кризата.
„Не сум роден богат. Толку луѓе кои ги познавам поминаа подобро од мене, но не прават ништо за да им дадат нешто на другите. Така што е чудно што се критикува некој што им помага на другите заради начинот на кој ги подарува парите“, вели Бази.
Слично
