Ова е Ахиловата пета на американската војска
Поранешниот министер за одбрана на САД, Роберт Гејтс во американската војска има огромен проблем за кој не постои едноставно решение.
Станува збор за секвестрацијата, итно намалување на буџетот на сите полиња кое еднакво ги погодува сите делови на американската војска. Според Гејтс, проблемот е двоен. Првиот аспект е зголемување на неизвесноста внатре во самата војска.
"Мислам дека голем дел од проблемите е неможноста да се предвидат количината на средства кои ќе и бидат на располагање на војската", навел Гејтс за Business Insider.
Другиот аспект од проблемот е тоа што секвестрацијата е процес кој не обрнува внимание на квалитетот што се лишува со финансирањето.
"Секвестрацијата имаше ужасни последици по војската. Тоа е најлош вид на буџетски кратења поради тоа што се крати се во ист процент. "
Секвестрацијата е воведена со декрет за контрола на буџетот од 2013. година. Со тој декрет е планирано кратење на федералните трошоци за 1,2 билиони долари во период од десет години.
Слично
