Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТВОРЕНА ЦРНАТА КУТИЈА: Русија тврди дека соборениот авион не бил опасност за Турција

ОТВОРЕНА ЦРНАТА КУТИЈА: Русија тврди дека соборениот авион не бил опасност за Турција

Борбениот авион „сухој-24“, кој го соборија турските сили, не преставувал опасност за Турција, ниту за нивните граѓани, изјавил денеска заменик шефот на руските воздухопловни сили Сергеј Дронов.

Дронов на конференцијата за новинарите истакнал дека Русија има докази дека соборениот авион не го повредил воздушниот простор на Турција.

„Во секој случај, соборениот руски бомбардер „су-24“ не преставувал опасност за Турција и нејзините граѓани“ изјавил Дронов, пренесуваат агенциите.

Дронов изјавил дека „црната кутија“ на соборениот авион е оштетена и дека за вадењето на податоци од неа ќе биде користена специјална опрема.

Како што се наведува, првите информации за тоа што се забележува на аудио снимките ќе биде објавено во понеделник.

 
Слично

Поврзани вести