Отворен највисокиот затвор во светот – затворениците на 4100 метри
Над 1200 затвореници во Перу ќе живеат на 4100 метри надморска височина.
Во Перу е отворен еден од затворите лоциран на најголема надморска височина во светот, пренесе Франс прес. Затворот се наоѓа на 4100 метри надморска височина и е со капацитет до 1224 лица. Опремен е со соларни панели и се простира на 6 хектари во близина на Кочамарка, село со 1.500 жители, сместено на 200 километри северно од Лима. Во зима температурите во регионот паѓаат до минус 14 степени Целзиусови. Пренатрупаните затвори се голем проблем за Перу. Земјата страда од недостиг на 40 000 места во затворите.
Слично
