Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отсега Гамбијците ќе работат четири дена во неделата, петок стана неработен!

Отсега Гамбијците ќе работат четири дена во неделата, петок стана неработен!

Гамбија за работниците во јавниот сектор воведе четиридневна работна недела, откако и петок го прогласи за неработен ден.

Како што појасни претседателот на африканската држава,  Јаија Џаме пократката работна недела ќе им овозможи на Гамбијците да посветат повеќе време за молитви, општествен живот и работа во полињата.

Претседателот Џаме, кој ја презеде власта во пучот извршен без крвопролевање во 1994 годиан, познат е по своето ексцентрично однесување.

Критичарите тврдат дека неговата последна одлука ќе ја промовира мрзеливоста и ќе ја ослабне економијата на државата. Повеќето луѓе во Гамбија, која има речиси 1,8 милиони жители, се муслимани на кои петокот им е ден за молитва.

Слично

Поврзани вести