Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отровниот подарок на рускиот шпион Скрипал му го донела неговата ќерка, тие се во критична состојба

Отровниот подарок на рускиот шпион Скрипал му го донела неговата ќерка, тие се во критична состојба

Британските медиуми со шокантни објави. Имено, нервниот гас со кој се отруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка бил испратен од Русија како подарок.

Отровниот агенс го донела неговата ќерка,  Јулија по враќањето од Русија како подарок за татко и од неговите пријатели.  Подарокот најверојатно е отворен додека таткото и ќерката биле заедно во ресторан во Солсбери.

66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 30-годишна ќерка Јулија, биле пронајдени во неделата, во несвест, на клупа во во Салисбери, на југот на Англија.

Тие се хоспитализирани, како и еден полицаец кој се нашол на местото каде беа пронајдени. Таткото и ќерката се во критична состојба.

 Британската полиција потврди дека тие се отруени од нервен гас и нападот се третира како обид за убиство.


Слично

Поврзани вести