Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отпуштен од полиција поради дрога, ги убил сопругата и детето: Ова е монструмот што го изврши МАСАКРОТ ВО ГРАДИНКА во Тајланд

Отпуштен од полиција поради дрога, ги убил сопругата и детето: Ова е монструмот што го изврши МАСАКРОТ ВО ГРАДИНКА во Тајланд

Страшна трагедија се случи во Тајланд, каде најмалку 31 лице загина откако поранешен полицаец отвори оган во градинка.

Напаѓачот бил во бегство по страшниот напад во Нонг Буа Ламф, на североистокот на земјата, по што се самоубил и ги убил сопругата и детето, пренесува Ројтерс.

Од полицијата велат дека меѓу жртвите има и деца и возрасни. Според последните информации, меѓу загинатите има 22 деца, две наставнички и еден полицаец.

Полицискиот наредник Ахајон Краитонг вели дека напаѓачот, неодамна отпуштен полицаец, пукал со пиштол и ги избодел децата и возрасните во дневната градинка пред да побегне.

Тајландската полиција го идентификуваше напаѓачот како поранешниот полицаец Пања Камраб. За време на пукањето, тој наводно побегнал со бел пикап.


На социјалните мрежи се појавуваат првите видеа од местото на трагедијата. Очајни семејства на убиени деца се собираат пред градинката во која се случи незамисливото злосторство.

Напаѓачот бил отпуштен од полициските сили минатата година, објави тајландскиот PBS. Шефот на полицијата Јакапата Виџитраитају изјави дека Камраб бил отпуштен поради употреба на дрога.

Болницата во градот Нонг Буа Ламфу ги повика сите итно да даруваат крв, имајќи предвид дека има многу повредени на кои итно им е извршена операција.

Масовните престрелки во Тајланд, инаку, се многу ретки. Во 2020 година, војник уби 21 лице и рани уште десетина во градот Након Рачасима.


Фото: Твитер

Слично

Поврзани вести