Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриен древен лав поголем од поларната мечка

Откриен древен лав поголем од поларната мечка

Најголемиот месојадец предатор живеел некогаш во Африка и бил поголем од поларната мечка.  Лавот Симбакубва  тежел околу 1500 кг, пишува весникот "Њусвик". Оваа откритие е направено од американски палеонтолози кои наишле на пронајдоци  од 80-тите години на дваесеттиот век , заборавени во складишта на Националниот музеј во Најроби.

Според долната вилица и забите на предаторот се претпоставува дека  лавот живеел  пред 22 милиони години, инаку пронајдоците  биле ископани во западна Кенија во 1980-тите.

Наишле на нив научници од Универзитетот во Охајо, САД, кои ги истражувале, и тие соопштуваат дека предаторот  бил со должина од 2,4 метри од устата  до опашката, канџите му биле со должина од 6 см, а кучешките  заби - 10 см.

Овие археолошки пронајдоци укажуваат дека бил еден од најголемите месојади на Земјата. Видот се појавил кратко време по исчезнувањето на диносаурусите.


Фото news.bnt.bg

Слично

Поврзани вести