Откриено точното време кога ќе се сретнат Трамп и Путин на Аљаска
Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи утре во 11:30 часот по локално време, 21:30 часот по наше време, во Анкориџ, Алјаска, објави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Според него, самитот ќе се одржи во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, а програмата е целосно договорена, објави РИА Новости.
- Се очекува сè да започне со тет-а-тет разговор меѓу Путин и Трамп, по што ќе следи проширен состанок со учество на делегации, а овие преговори ќе продолжат за време на работен појадок - рече Ушаков.
Централна тема на разговорот ќе биде војната во Украина.
Времетраењето на состанокот не е однапред ограничено и ќе зависи од текот на разговорот.
Руската агенција известува дека по состанокот е планирана заедничка прес-конференција, доколку разговорите го дозволат тоа.
Делегациите ќе се вратат во своите земји веднаш по самитот.
Кој ја сочинува руската делегација
Членовите на руската делегација ќе бидат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, како и Ушаков.
Се наведува дека состанокот ќе биде од работен карактер, без дополнителни церемонијални настани.
Блиц.рс