ОТКРИЕНО КОЈА ЗЕМЈА ШПИУНИРА ЗА РУСИЈА! Американците и Британците останаа во шок!
Американските шпиони ги фатија руските разузнавачи како се фалат дека ги убедиле Обединетите Арапски Емирати „да работат заедно против разузнавачките агенции на САД и Велика Британија“, се вели во наводните американски документи објавени на социјалните мрежи.
Цитирајќи ја руската Федерална служба за безбедност, во документот се вели дека во средината на јануари претставници на ФСБ потврдиле дека членовите на ОАЕ и руските безбедносни служби се договориле да работат заедно против американските и британските разузнавачки агенции.
Американските разузнавачки агенции дошле до овие податоци преку пресретнување на комуникациите, се додава во текстот.
Американските власти одбија да ја потврдат автентичноста на документот, но велат дека документот е сличен на оние објавени во неодамнешното протекување на Пентагон.
