Откриено кој го организирал убиството на Татарски?
Украинец е одговорен за организирање za убиството на рускиот воен блогер Владлен Татаски, кого Украина и западните сојузници го нарекуваат воен хушкач, соопшти руската агенција за безбедност.
„Украинецот Јуриј Денисов го организираше бомбардирањето на рускиот воен блогер Владлен Татарски“, пишува ФСБ.
Тој дошол од Киев во февруари, преку Летонија во Русија, обезбедувајќи ја експлозивната направа што го уби блогерот, а потоа ја напушти Русија во април, веднаш по злосторството.
Тој преку посредник ја доставил бомбата до Трепова, жената која ја донела во кафулето, каде што се случи експлозијата.
Пред атентатот, Денисов поминал извесно време во московскиот регион, каде што собирал разузнавачки информации за Татарски, се додава во соопштението. Русија е во процес на распишување меѓународна потерница по осомничениот.
Додека Дарија Трепова е зад решетки, тајна организација која себеси се нарекува Национална републиканска армија тврди дека убила руски хушкач..
Окружниот суд во Москва го одобри барањето на обвинителот Дарија Трепова да остане во притвор. Таа беше уапсена по експлозијата во која загина Владлен Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, во неделата.
Руските власти се сомневаат дека Трепова го извршила нападот давајќи му на Фомин статуетка полна со експлозив, која експлодирала неколку минути подоцна. Таа беше приведена еден ден подоцна и обвинета за тероризам и нелегална трговија со експлозиви. Ќе остане во притвор до 2 јуни 2023 година, а рочиштето беше затворено за медиумите.
Според обвинителството, Трепова во неделата попладне во кафуле во Санкт Петербург на Татарски му предала статуетка полна со експлозив. Откако таа му го предала подарокот на блогерот, статуетката експлодирала, убивајќи го самиот Татарски, а повредени се околу 40 гости кои биле во кафулето на настан на кој Татарски требало да одржи некакво предавање.
Истражниот комитет го оквалификуваше како терористички напад, тврдејќи дека нападот бил планиран и организиран во Украина.
