Откриено како починал Хју Хефнер
Американските медиуми го откриле извештајот од обдукцијата врз телото на Хју Хефнер кој почина на 91 годишна возраст. Тие откриваат дека главната причина за смртта на основачот на Плејбој магазинот е престанок на работата на срцето поврзан со труење и инфекција од ешерихија коли. Хефнер во моментот на смртта бил опколен од своите четири деца, како и од младата сопруга Кристал. Поранешниот глем модел се обрати и на јавноста со благодарност за сите примени пораки на сочуство и покажана љубов, но посочи дека се уште е во шок. Таа не е вклучена во тестаментот на порнографот, но и онака неговото богатство во последната деценија значително се намали и изнесуваше само 40 милиони долари. Хју Хефнер дури беше принуден и да ја продаде злоогласената Плејбој вила во Холивуд во која се одржуваа декадентни забави и беше преполна со „манекенки“, за потоа да живее во дел од вилата како потстанар.
