Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕНО КАДЕ ПУТИН ГИ КОРИСТИ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ: „Тајно се транспортираат со цивилни возила кои личат на камиони со вода“

ОТКРИЕНО КАДЕ ПУТИН ГИ КОРИСТИ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ: „Тајно се транспортираат со цивилни возила кои личат на камиони со вода“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има прелиминарни докази дека руската војска почнала да користи значителен број севернокорејски војници во своите напади врз регионот Курск.

– Денеска веќе имаме прелиминарни податоци дека Русите почнале да користат севернокорејски војници во нивните напади. Значителен број од нив. Русите ги вклучуваат во комбинирани единици и ги користат во операциите во областа Курск. Само таму за сега. Но, имаме информации кои сугерираат дека нивната употреба може да се прошири и на други делови од линијата на фронтот. И во оваа категорија веќе има забележителни загуби - рече Зеленски во своето видео обраќање.

Според неговите зборови, Москва, во суштина, вовлекла друга земја во оваа војна и тоа „во најголема можна мера“.

- И ако ова не е ескалација, тогаш која е ескалацијата за која многумина зборуваат? Путин е тој што презема чекори за продолжување на оваа војна. Тој е оној кој ја отфрла секоја можност за мир. Згора на тоа, тој сака да му создаде повеќе проблеми на светот во Азија. Затоа Русите ја обучуваат Северна Кореја во модерно војување - рече Зеленски.

Тој нагласи дека Москва ги игнорира апелите на сите земји, од Кина и Бразил до многу други, за потребата да се направи се што е можно за деескалација.

- Секогаш кога нема цврст глобален одговор, Русија ја влошува војната. Тоа отсекогаш било така. Ќе се браниме, вклучително и од овие Севернокорејци. И ќе продолжиме да дејствуваме во координација со сите наши партнери за да ја запреме оваа војна – да ја прекинеме решително, со загарантиран мир – рече претседателот на Украина.

Речи и дека следната недела ќе се разговара за заеднички напори во Европа.

- Санкциите против Русија, поддршката за нашата одбрана и инвестирањето во колективната одбрана на Европа, заедно со силната дипломатија за мир - сето тоа мора да се проширува од недела во недела, за следната година, заедно со нашите партнери, да ги постигнеме нашите главни цели. – рече Зеленски.

Како што е соопштено, според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, командата на единиците на севернокорејската армија во Русија добила наредба да соработува со соседните руски единици кои учествуваат во борбените операции во областа Курск. Некои од војниците на КНДР тајно се транспортираат до линијата на фронтот со цивилни камиони кои личат на камиони со вода.

фото: EPA-EFE/YONHAP

Слично

Поврзани вести