Откриени три нови планети слични на Земјата?!
Научниците изјавија дека откриле три планети во настанувачка зона, што ги зголемува можностите за наоѓање светови како Земјата на кои би постоеле услови за живот.
Планетите во орбитата „Gliese 667C" се оддалечени 22 светлосни години. Астрономите веруваат дека три од тие планети се погодни за живот на луѓе, бидејќи нивната оддалеченост овозможува соодветна температура и вода во течна состојба.
Трите нови светови, кои се наречени "суперземји" се меѓу еден и десет проценти поголеми од Земјата. Доколку се карпести како Земјата и поседуваат атмосфера и езера или океани, би можеле да бидат погодни за живот.
„Наместо гледање во десет ѕвезди со цел да најдеме една веројатно можна настанувачка планета, сега имаме изгледи да гледаме во само една ѕвезда и да најдеме неколку такви“, објаснува астрономот Рори Барнс од универзитетот Вашингтон.
Бидејќи "Gliese 667C" е дел од троен систем, од една планета секогаш би се гледале три сонца на небото. А ноќе, ѕвездите би биле големи колку Месечината. . Таа планета и нејзините две новооткриени роднини се поголеми од Земјата, но помали од Нептун.
