Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриена причината за пожарите во Калифорнија кои уште беснеат

Откриена причината за пожарите во Калифорнија кои уште беснеат

Причина за шумските пожари што опустошија огромните области на Калифорнија во текот на изминатите две недели е камионска гума што пукнала при возење, јавува Си-Ен-Ен.

Според тврдењата на телевизијата, на 23 јули, на пат во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион, нешто вообичаено во копнениот сообраќај и искрите предизвикале оган.

Пожарот што американските медиуми го нарекоа „Кар“, досега зеде осум животи, загинаа шест цивили и двајца пожарникари, уништени се 134.000 хектари (околу 542 квадратни километри), а пожарот се уште  беснее.

Според прогнозите, последиците од пожарот „Кар“ ќе ја чинат државата милијарди долари во следната деценија.

Слично

Поврзани вести