Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриена причината за најтешкиот масакр во историјата на Канада

Откриена причината за најтешкиот масакр во историјата на Канада

Канада сè уште се опоравува од грозоморниот масакр, најлошиот во историјата. Сепак една недела подоцна, конечно, излегоа деталите кои му претходеа на тоа ужасно злосторство.

Минатата недела човек уби 22 лица во Канада во неколку села во провинцијата Нова Шкотста. Крвавиот пир траел цели 13 часа. Но на убиствата му претходела расправија меѓу убиецот и неговата девојка, потврди полицијата.

Впрочем канадската полиција денеска соопшти дека масакрот кој траеше 13 часа почнал откако убиецот Габриел Вортман прво ја нападнал девојката.

Полицискиот претставник Дарен Кембел изјави дека девојката на Вортман по нападот побегнала и според него можно е да е „катализатор за натамошни настани“.

Сепак, властите не ја отфрлаат можноста 51-годишниот Вортман, кој бил ликвидиран, однапред да испланира некои од убиствата што тој ги извршил.

Кембел рече дека девојката на Вортман се криела од него во шумата во текот на ноќта, па утрото усепала да повика полицијата и дала детални информации за него.

Таа им кажала дека Вортман бил во полициска униформа и управувал автомобил кој личел на полициски автомобил.

„Ако девојката не и кажеше на полицијата дека осомничениот управувал автомобил со намера маскиран за да изгледа како полицаец, работите би биле многу полоши, рече Кембел.

Вортман отишол на бензинска пумпа за да наполни гориво за време на нападот, каде и беше убиен.

Полицијата соопшти дека Вортман дејствувал сам и извршил на дури 16 места.

Во селото во кој живеел и тој пронајдени се 13 тела во неколку запалени куќи вклучувајќи ја и неговата.

Првичната вест

Слично

Поврзани вести