Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА: Еве каде беше Ким Јонг-Ун 40 дена!

ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА: Еве каде беше Ким Јонг-Ун 40 дена!
Шпиони од Јужна Кореја сметаат дека го имаат одговорот за тоа каде бил севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун , кој 40 дена не се појавуваше во јавност. Во сослушувањето кое се случувало зад затворени врати. Државната служба за безбедност на Јужна Кореја ги информирала јужнокорејските пратеници дека Ким Јонг-Ун се лекувал од болеста наречена Тарсал Тунел Синдром. Станува збор за многу болна состојба која настанува заради притисок на нер во стапалото. Во случајот на севернокорејскиот лидер, нервот го притискала циста во неговиот десен зглоб, тврдат разузнавачите на Јужна Кореја. Таа би можела да биде последица на зголемена телесна тежина, пушење и физичка преоптовареност. Исто така, се тврди дека севернокорејскиот лидер го оперирале лекари од Европа и тоа два пати во изминатите месеци. Исто така, во извештајот на јужнокорејските разузнавачи се наведува дека само годинава во Северна Кореја се деградирани повеќе од 200 воени функционери заради неефикасност, а се извршени и 50 егзекуции. Меѓу погубените се и функционери поврзани со вујкото на Ким Јонг-Ун, Јанг Сонг-Таек, кој исто така беше погубен. Во Северна Кореја има и се повеќе работнички логори, односно постоечките се прошируваат. Се зборува и за тајно преместување на затворениците за да се покаже дека условите во затворите не се толку лоши.
Слично

Поврзани вести