ОТКРИЕНА „ФАБРИКА ЗА БОМБИ“: Во изнајмен стан терористите ги криеле бомбите пред масакарот во Париз
Појасите користени од терористите при крвавите напади во Париз од 13 ноември, се направени во стан во бриселската нaселба Схарбек, објавија локалните весници.
Инспекторите имаат причина да веруваат дека во станот, во кој под кирија живеел еден од осомничените, по нападите се криел и Салах Абдеслам по кого е распишана потерница.
Работилницата е отворена на 9 декември. Во станот имало траги од експлозив, рачно направени појаси за самоубијци и отпечатоци од Абдеслам. Тоа значи дека нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, делумно се подготвувани на територијата на Белгија.
Во ноември и декември минатата година полицијата во Франција и Белгија направила бројни акции, со што билo пронајденo нелегално оружје и беа приведени лица осомничени за врски со групата „Исламска држава“, која ја презеде одговорноста за атентатите во француската престолнина.
