ОТКРИЕН ПЕТДНЕВНИОТ ПЛАН НА КИЕВ ЗА ОКУПАЦИЈА НА ДОНБАС: Ќе има војна, тврди сепаратистички лидер на Доњецк
Ситуацијата во
Донбас е „критична“ и Киев може да започне офанзива во секој момент, тврди
лидерот на регионот Доњецк.
Војна од сите размери во источна Украина може да избие во секој момент, со напад на силите лојални на владата во Киев, изјави за руските медиуми шефот на отцепената, непризната Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.
„Киев може да изврши целосен напад на Донбас во секој момент, ситуацијата е критична“, изјави Пушилин за руската телевизија, мислејќи на двете самопрогласени републики во источна Украина - Доњецк и Луганск.
На прашањето на домаќините дали ќе има војна, Пушилин одговори: „Да. За жал, да“.
Неговите коментари следеа околу еден час по експлозијата пред зградата на владата во Доњецк, за која се покажа дека е автомобил-бомба насочена кон началникот на регионалната полиција Денис Синенков. Тој не е повреден во експлозијата. Нема извештаи за повредени, само материјална штета, јавува Раша тудеј.
Пушлин бомбардирањето го нарече „саботажа" во подготовка за напад на Киев. Секоја градба на критична инфраструктура во Доњецк е под стража и е подготвена за потенцијален терористички напад, додаде тој. Украина негира дека планира напад на Донбас како инвазија на сепаратистичкиот регион што би траел пет дена.
Во меѓувреме, властите во Доњецк и соседниот Луганск најавија евакуација на цивили во Русија. Пушилин рече дека „стотици илјади“ луѓе - главно жени, деца и постари лица – ќе бидат евакуирани, додека мажите на возраст од 55 и помлади ќе бидат замолени да останат.
Now this is getting interesting: Russian-backed DPR publishes an alleged Ukrainian plan to seize the breakaway regions in five days pic.twitter.com/ZWAPRSMjnJ
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 19, 2022
