Откриен пеколниот план на Израел, во игра била и атомска бомба
Израел поседувал таен план за извршување напад со атомска бомба во случај да доживее пораз во текот на Шестдневната војна во 1967 година, соопшти денеска вашингтонскиот Меѓународен центар „Вудроу Вилсон“.
Според Центарот, планот наречен „Операција Самсон“, предвидувал Израел да фрли атомска бомба на Синајскиот Полуостров, доколу доживее пораз во војната против арапските соседи – Египет, Сирија, Јордан, Ирак и Либан.
Од Израел пристигна негирање на извештајот како неверодостоен бидејќи користел само еден армиски извор и дека никогаш немало желба да се употреби нуклеарно оружје против арапските соседи. Единствено постоеле планови за плашење на непријателската војска преку пропаганда.
Израел постојано демантира дека располага со боев нуклеарен арсенал и води политика на нуклеарна неутралност иако од Иран има закана дека еден ден ќе биде уништен со атомска или нуклеарна бомба.
Шестдневната војна траеше од 5 до 10 јуни 1967 година и во неа Израел ги освои египетските територии на Западниот Брег и Синајскиот Полуостров, Западниот Брег заедно со Источен Ерусалим, кој до тогаш беше под контрола на Јордан, како и сириската Голанска Висорамнина.
Во војната која заврши со победа на Израел, на израелска страна загинаа 776 војници и 20 цивили, додека загубите на Египет изнесуваа меѓу 10 и 15 илјади загинати или исчезнати војници, на Јордан 6.000 убиени или исчезнати војници, на Сирија 2.600 загинати и на Ирак 10 загинати војници.
