Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕН НОВ СИМПТОМ НА ОМИКРОН ВАРИЈАНТАТА - потполно се разликува од досегашните, а се појавува додека јадете

ОТКРИЕН НОВ СИМПТОМ НА ОМИКРОН ВАРИЈАНТАТА - потполно се разликува од досегашните, а се појавува додека јадете

Во последните недели, светот се плаши од најновата мутација на корона вирусот, таканаречената омикрон варијанта, која сега ги инфицира повеќето нови случаи. Иако сè уште не е доволно проучен, досега е откриено дека омикронот е позаразен од делта, додека секако предизвикува поблага клиничка слика. Симптомите кои досега се забележани се течење на носот, главоболка, замор, кивање, болки во грлото и „мозочна магла“, додека сег е забележан уште еден загрижувачки симптом, а тоа е апетитот.

Имено, научниците врз основа на податоците собрани од студијата „ZOE Covid Symptom“, која го следела влијанието на оваа варијанта врз човечкото тело, предупредија на уште еден крајно неочекуван симптом кој може да се појави, додека јадете, односно тоа е намален апетит.

„Сè уште никој не умрел од ОМИКРОН сојот“, тврди СЗО! И новото откритие на научниците го изненади светот: 

Истражувачите ги споредија податоците за симптомите на позитивните случаи забележани во студијата „ZOE Covid Symptom“ со податоците од почетокот на октомври, кога делтата беше доминантна. Анализата откри дека само 50 отсто од луѓето ги имале класичните три симптоми на треска, кашлица или губење на чувството за мирис или вкус.

Меѓу пријавените „некласични“ симптоми беше и губењето на апетитот. Според научниците, пред неколку месеци оваа студија помогнала да се идентификуваат над 20, главно благи симптоми на слични настинки, а губењето на апетитот е издвоено како последно поврзано со сојот омикрон, пренесува „Мондо“.

Слично

Поврзани вести