Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриен е нов вид на рак поврзан со имплантите

Откриен е нов вид на рак поврзан со имплантите

Француската агенција за безбедност на лековите е вознемирена од случајот на посебен вид рак, кој е поврзан со имплантите на градите, соопштува весникот „Les Echos“.

Такви случаи се регистрирани како во Франција така и во други земји во светот.

По скандалот со градните протези на компанијата „Поли имплант протези“ сега станува збор за можна појава на нов вид рак. Од 2011 година во Франција се регистрирани 18 случаи на болеста, како во 2014 година бројот на случаи се зголеми драстично во споредба со претходните години.

Во исто време, за три години во САД се регистрирани 173 пациенти со болеста.

Во врска со ракот на 4 март Националниот канцероген институт објавиле присуството на нова болест - едроклетичен анапластичен лимфом, поврзан со имплантите на градите или лимфом AGC-AIM.

Слично

Поврзани вести