Откриен е најголемиот рудник со злато - има доволно за 40 години
Во Кина е најден најголемиот рудник со злато во кој според проценките може да се најдат 382 тони кои чинат 22 милијари евра.
Локалните медиуми пишуваат дека тоа е златна жила долга 2 км и широка 67 м.
Рудникот во провинцијата Шандонг на северозападот од Кина може да произведе злато кое е доволно за следните 40 години.
Овој регион има најмногу злато во цела Кина.
Кина беше петта земја според количините со злато, зад САД, Германија, Италија и Франција, а новите резерви се 20% од 1.843 тони златни резерви.
Слично
