Откопана нацистичка „временска“ капсула
Археолозите од Националниот музеј во Шчецин, Полска пронајдоа „временска“ капсула од Нацистите која се смета дека е закопана во 1934-та година кога нацизмот зема голем замав во Германија, а се најавува доаѓање на власт на Адолф Хитлер.

Во бакарниот цилиндер се пронајдени весници од тој период, две копии на книгата „Мојата борба“ на Хитлер, стари валути и фотографии од фирерот. Капсулата била закопана под нацистички воен камп на територија која по војната стана дел од Полска.

Идејата на Нацистите кои ја закопале оваа временска капсула е најверојатно дека се надевале во иднина предметите ќе имаат голема вредност по целосното воспоставување на Третиот Рајх. Сепак, историјата вели нешто сосема друго, Хитлер ја изгуби војната, а нацизмот беше целосно уништен.
