Откажани над 1.000 летови на „Иберија“ поради штрајк на вработените
Синдикатот на вработените во шпанската авиокомпанија „Иберија“ денеска стапи во петдневен штрајк. Според соопштението од синдикатот, вработените штрајкуваат против планот на компанијата да отпушти една петтина од вработените.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, поради штрајкот ќе бидат откажани повеќе од 1.000 летови. Во штрајкот што ќе трае од денеска до 22 февруари учествуваат пилоти, стујарди и носачи на багаж. Синдикатот најави штрајк и од 4 до 8 и од 18 до 22 март.
„Иберија“ од понеделник до петок откажа 415 летови, додека заедно со летовите на останатите авиокомпании, вкупниот број на откажани летови ќе изнесува 1.200, поради недостиг на работници на шпанските аеродроми. Според проценките штрајкот ќе предизвика проблеми за околу 70.000 патници
Слично
