Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажани летови,затворени патишта-снежните врнежи ја затекнаа Јапонија

Откажани летови,затворени патишта-снежните врнежи ја затекнаа Јапонија

 Поради обилни снежни врнежи над 770 летови беа откажани денеска во Јапонија.

Невремето предизвика тешкотии во работата на транспортниот систем на Јапонија. Над 2.000 лица беа принудени да ја поминат ноќта на токискиот аеродром „Нарита“, додека ги чекаа своите летови.

Во повеќе реони паднаа рекордни колчини снег - во градот Кофу, во префектурата Јаманаши, снежната покривка достигна 114 сантиметри, со што беше соборен 120-годишниот рекорд. Во Токио снежната покривка изнесува 14 сантиметри.

Возовите по главните линии се движат со големи задоцнувања. Затворени се редица главни патишта. Тешката состојба засегна околу 370.000 патници.

Снежните врнежи предизвикаа и десетици сообраќајни несреќи. Околу 850 лица се примени во болница поради скршеници при лизгање на снегот.

Слично

Поврзани вести