Откажани концерти и спортски настани: Сите големи објекти во Брисел затворени
По зголемувањето на нивото поради терористичка закана во белгискиот главен град Брисел ќе бидат затворени сите поголеми продавници, концертни и изложбените сали и стадиони, базени и клубови. Тоа го изјавија органите на редот во Брисел.
Метрото нема да работи барем до пладне во неделата. Откажани се сите големи спортски настани, вклучувајќи два фудбалски и кошаркарски натпревари, како и концерт на француската рок ѕвезда Џони Холидеј.
"Со оглед на зголемувањето на нивото на закана е препорачливо да ги затворите сите поголеми објекти и места за трговија" - соопштија од општинската администрација.
На најголемите трговски улици - меѓу кои и Rue Neuve, нема да работи ниту една продавница. Затворено е најголемото кино во Брисел, не работи и изложбениот центар "Атомиум".
Највисоко - четврто ниво на терористичка закана е воведено во белгиската престолнина.
Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави денеска дека полицијата добила информации за "подготовка на терористички акти во земјата, слични на оние во Париз."
Властите на белгиската престолнина открија за жителите вонредна телефонска линија за откривање на можни терористички напади и вонредни ситуации, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на соопштение на бриселската општина. Може да се јавите за вонредна состојба на телефон 1771 - изјави претставник на градската администрација.
