Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажана евакуацијата во Дебаљцево, населението во страв

Откажана евакуацијата во Дебаљцево, населението во страв

Евакуацијата во Дебаљцево на истокот од Украина е откажана поради безбедносни причини, вели претставник на Министерството за одбрана на Народна Република Доњецк Едвард Басурин.

Тој рекол дека нема да има евакуација бидејќи се стравува за цивилите и организаторите на евакуацијата, пренесва Танјуг.

„Луѓето се обидуваат сами да одат колку се во состојба тоа да го направат, а народната војска им помага“, рекол Басурин.

Додава дека украинските сили ја искористиле евакуацијата на цивилите за да допремат муниција во тој регион.

Басурин изјавил и дека украинските сили вчера во 39 наврати бомбардирале градови на територијата на Народна Република Доњецк и дека во тие напади загинале шест, а повредени се 15 лица.

Вчера од Дебаљцево се евакуирани нешто повеќе од 600 мештани, додека околу 2000 останале во тој град, во кој во текот на вчерашниот ден се водени борби на неколку пунктови.

Дебаљцево е клучна железничка врска помеѓу двете главни жаришта на проруските сили Луганск и Доњецк, кој со денови го опсипуваат со артилериски оган..

Слично

Поврзани вести