Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако САД ја нападна Венецуела, со реакција се јави и Русија

Откако САД ја нападна Венецуела, со реакција се јави и Русија

Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на нападите на Соединетите Американски Држави(САД) врз територијата на Венецуела, нарекувајќи ги чин на вооружена агресија.

Оттаму велат дека ваквите активности се длабоко загрижувачки и за осуда.

„Изговорите што се користат за оправдување на ваквите постапки се неодржливи. Идеолошката нетолеранција триумфираше над деловниот прагматизам и подготвеноста за градење односи на доверба и предвидливост. Во сегашната ситуација, клучно е, пред сè, да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на наоѓање решенија преку дијалог. Веруваме дека сите партнери кои имаат поплаки едни против други треба да бараат решенија преку дијалог. Подготвени сме да ги поддржиме во ова“, велат од руското МНР.

Тие нагласуваат дека Латинска Америка мора да остане зона на мир, како што беше прогласена во 2014 година.

„На Венецуела мора да ѝ се гарантира правото сама да ја одредува својата судбина, без никаква деструктивна, а камоли воена интервенција однадвор. Ја потврдуваме нашата солидарност со венецуелскиот народ и поддршката за курсот на нивното боливарско водство, насочено кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата. Ја поддржуваме изјавата на венецуелските власти и раководството на латиноамериканските земји за итно свикување состанок на Советот за безбедност на ОН. Руската амбасада во Каракас работи нормално, имајќи ја предвид моменталната ситуација, и е во постојан контакт со венецуелските власти и руските граѓани кои се наоѓаат во Венецуела. Во моментов нема извештаи за повредени руски граѓани.“, додаваат од руското МНР. 

САД потврдија дека извршиле напади на Венецуела и дека го заробиле претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга. 

foto freepik.com/bearfotos

Слично

Поврзани вести