Економија, финансии, бизнис

Контакт

OTKAKO САД ГО ЗАРОБИЈА МАДУРО: Венецуела доби привремен претседател

OTKAKO САД ГО ЗАРОБИЈА МАДУРО: Венецуела доби привремен претседател

Врховниот суд на Венецуела назначи привремен претседател.

Уставниот совет на Врховниот суд на Венецуела ѝ наложи на потпретседателката Делси Родригез да ја преземе улогата на вршител на должноста претседател на земјата во отсуство на Николас Мадуро, кој беше уапсен рано утрово во операција на американските сили.

Во судската одлука се наведува дека Родригез ќе ги преземе „должностите претседател на Боливарската Република Венецуела, со цел да се гарантира административен континуитет и сеопфатна одбрана на нацијата“.

Во пресудата се додава дека судот ќе го разгледа прашањето со цел да „утврди применлива правна рамка за гарантирање на континуитетот на државата, управувањето со владата и одбраната на суверенитетот во случај на присилно отсуство на претседателот на Републиката“.

Делси Родригес вчера изјави дека Николас Мадуро е единствениот претседател на Венецуела, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека таа положила заклетва откако Мадуро бил одведен од земјата во американска воена операција.

САД вчера извршија операција во Венецуела и го уапсија Мадуро, кому ќе му се суди во САД. Истото важи и за неговата сопруга.

Слично

Поврзани вести