Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако руски дронови паднаа во Полска, Макрон нуди конкретна помош

Откако руски дронови паднаа во Полска, Макрон нуди конкретна помош

Франција ќе испрати три авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор. 

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека ќе испрати три авиони-ловци „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и на Источна Европа.

Тој додаде за тоа разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.

„Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија“, посочи Макрон.

Руски беспилотни летала вчера навлегоа во полскиот воздушен простор, а полската армија со помош на НАТО собори 19 дронови. По инцидентот Полска побара од Алијансата да го активира Член 4 од Договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана за една од неговите членки. 

Северноатлантската алијанса развива „одбранбен воен одговор“ како дел од зајакнувањето на одвраќањето на својот источен крило по големиот упад на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, објави Блумберг, повикувајќи се на информиран извор.

Слично

Поврзани вести