ОТКАКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ: Макрон најави дека ќе има заеднички одговор
Претседателот на Франција, Емануел Макрон објави на „X“ дека рускиот претседател Владимир Путин повторно го отфрлил предлогот на САД за безусловно примирје, кое го поддржаа Украина и европските земји. Макрон ја даде изјавата по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Со одбивањето на примирје и дијалог со Украина, Русија покажува дека не сака мир и само се обидува да купи време со продолжување на војната“, рече Макрон.
Тој додаде дека Европа, САД и коалицијата на сојузници ќе продолжат да координираат заеднички одговор, пред самитот на Европската политичка заедница во Тирана.
На разговорите во Истанбул, Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници.
фото принтскрин
Слично
