Откако невреме ја зафати Москва, урнат е дел од ѕидот на Кремљ
Силно невреме ја зафати руската престолнина Москва, при што е урнат дел од ѕидот на Кремљ, а затворени се и сите приоди кон Црвениот плоштад.
Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, доколку е можно, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја.
Ова не е првпат ветер да го оштети московски Кремљ.
Во јуни 1998 година беа паднати околу 200 дрвја и оштетени неколку ѕидни огради, а во април 2018 година делумно беше отстранет покривот од палатата на Сенатот.
Реновирањето на ѕидот на Кремљ, кој се состои од 20 кули, а го изградил италијански архитекти на крајот на 15 век, трае веќе неколку години.
Слично
