ОТКАКО ДОЗВОЛИ УКРАИНА СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ ДА ГАЃА ЦЕЛИ ДЛАБОКО ВО РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Што порача Џо Бајден?
САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави американскиот претседател во заминување Џо Бајден кој денеска зборуваше на Самитот на Г20 во Бразил, за првпат откако ѝ даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во руска територија.
Вели дека сите друго треба да го сторат истото.
„Сите ние мора да работиме за да ставиме крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот“, рече Бајден. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека ракетите самите ќе зборуваат за себе. Повеќе не коментираше за ова.
Слично
