Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО АМЕРИКАНЕЦ Е ИЗБРАН ЗА ПАПА: Трамп се јави со реакција

ОТКАКО АМЕРИКАНЕЦ Е ИЗБРАН ЗА ПАПА: Трамп се јави со реакција

Откако Американец е избран за нов Папа, со реакција се јави и американскиот претседател Доналд Трамп. 

Тој вели дека ова е голема чест за неговата земја. 

„Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше назначен за папа. Голема чест е да се дознае дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав 14. Тоа ќе биде многу значаен момент“, напиша Трамп во објава на платформата TruthSocial.

Новиот Папа е по потекло од Чикаго. Голем дел од службата ја поминал во Перу во Јужна Америка.  Папата рече дека Бог ќе им помогне да градат мостови и да соработуваат. 

Папата Франциск кој беше од Аргентина, почина на 88 години и денеска е избран негов наследник. 
Слично

Поврзани вести