ОТИШОЛ ДА ПЛИВА ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ ВО ЗАМРЗНАТО ЕЗЕРО - еве како починал 43 годишен германец
Четириесет и тригодишник почина во Берлин во средата, откако помина два часа во замрзнато езеро во паркот Трептауер.
Жртвата, како и уште едно 44-годишно момче и две жени (55 и 21 година), го скршиле мразот и во костими за капење отишле на пливање во ладна вода.
Кога 43-годишникот исчезнал под површината на водата, неговите колеги се обиделе да го спасат и повикале помош. Спасувачите го извлекле и успешно го реанимирале, но тој подоцна починал во болница, како последица на хипотермија, пишува „Берлинер цајтунг“, а пренесува Индекс.хр.
Пред два дена во Германија беше забележано дури - 26,7 ° С. Според Германската метеоролошка служба (ДВД), сепак, овие температури се уште се далеку од најстудените досега измерени во Германија. Рекордот сè уште го држи Хул во Баварија, кој во 1929 година забележа температура од -37,8 ° С.
ДВД исто така објави дека овој месец е најстуден февруари од 2012 година.
