Отфрлена истрагата за прислушувањето на Меркел
Германското обвинителство ја заврши истрагата за американското прислушување на мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел.
Тужбата се засноваше на документи кои ги обелодени Едвард Сноуден, а во кои се наведува дека припадници на американската Агенција за национална безбеднсот (НСА) го прислушувале мобилниот телефон на Меркел.
Главниот обвинител Харалд Ренџ рекол дека истрагата не успеала да открие докази за прислушување за да се оправда правната постапка, наведува Би-Би-Си.
„Раша тудеј“ објави дека Ренџ уште во декември 2014 година рекол дека истрагата не успеала да открие докази за прислушувањето како и дека документот кој го објавиле медиумите „не е од базата на податоци на НСА“.
Слично
