Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отава: Напаѓачот не е поврзан со Исламската држава

Отава: Напаѓачот не е поврзан со Исламската држава

Министерот за надворешни работи на Канада Џон Берд изјавил дека нема докази за врската на Мајкл Зехав-Бибо, кој пред два дена уби војник во Отава и и исламиските екстремисти.

Берд за Би-Би-Си рекол дека Зехав-Бибо „сигурно бил радикализиран“, но не бил на листата лица со висок ризик.

Зехав-Бибо (32) во средата убил војник во националниот меморијален центар во Отава и потоа истрачал низ зградата на Парламентот каде е убиен близу до местото на кое премиерот Стивен Харпер држел состанок со пратениците.

Берд истакнал дела е премногу загрижен поради бројот на Канаѓани кои учествуваат во борбите во Сирија и Ирак. „Извештаите укажуваат дека повеќе од 100 Канаѓани им се приклучиле на џихадистите на Блискиот истоки тоа е предмет на голема загриженост“, навел канадскиот шеф на дипломатијата. Бер рекол дека Зехаф-Бибо можел д анаправи и поголема штета. „Неколку минути владееше тотален хаос...не знаевме дали е во прашање еден човек или група луѓе“, рекол тој. Полицијата и претходно соопшти дека Зехав-Бибо има полициско досие и дека неодамна барал пасош бидејќи планирал да отпатува за Сирија.

Зехав-Бибо e роден во Монтреал, татко му е од Либерија, а мајка му е Канаѓанка. Подоцна живеал во Калгари и Ванкувер. Претставници во средата рекле дека дознале дека Зехав-Бибо преминал во ислам, исто како и напаѓачот од понеделникот Мартен Руло (25) кој со автомобил прегазил двајца канадски војници. И него го убила полицијата.

Слично

Поврзани вести