Освојување на Багдад низ тунелите на ЈНА
Борците на Исламската држава се подготвуваат за освојување на Багдад, а ирачкиот главен град ќе го нападнат низ тунелите кои ги градела ЈНА за време на владеањето на Садам Хусеин.
Според соопштените податоци со кои располагаат западните земји и САД, ИС се подготвува за освојување на ирачкиот главен град.
„Југословенските“ тунели се протегаат од покраината Амбар, жариштето на џихадистите, па се до Багдад.
Садам Хусеин од ЈНА барал да му се изгради комплетен систем на подземни објекти, а во 1976 започнале подготовките, снимањето на теренот и изградба на проектот, а година дена подоцна следеше проектот 77, кој го опфаќал главното стратешко командно место во Багдад и помошно во Тикрит, Фалуџи, Киркуку, Киту и Башри. Вредноста на проектот изнесувала околу 18 милиони долари.
Како што пишува хрватскиот „Утрински весник“, најголемот проблем на владата на Ирак е што не знае каде е почетокот и крајот на тие тунели за кои знаеле сами најблиските Садамови соработници, кои денеска се на страната на исламистите, а до податоците на поранешна ЈНА денеска е невозможно да се дојде. Преку тие тунел џихадистите префрлаат наоружување и луѓе.
